• сабота, 13 декември 2025

Промоција на „Абецедарот - сто години потоа“ утре во Скопје

Промоција на „Абецедарот - сто години потоа“ утре во Скопје

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Промоцијата на „Абецедарот - сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар, ќе се одржи утре во Скопје.

Организатор на настанот е Сојузот на здруженија „Македон“, предвидено е промоцијата да почне од 11 часот во Универзитетот „Скопје“.

Како што појаснуваат од организацијата, промотори се проф. д-р Никола Жежов и проф. д-р Валентина Миронска, а одломки ќе читаат актерите Никола Кузелов и Игор Трпчески.

- Јубилејното издание „Абецедарот - сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на проф. д-р Нада Јурукова, проф.д-р Виолета Ачкоска и на проф. д-р Елка Јачева Улчар, а во вториот дел целосно е пренесен „Абецедарот“ во неговата оригинална форма на левата страна од книгата и транскрибираните страници со кирилско писмо, од десната страна, се наведува во соопштението. бд/вј/

Фото: Тодор Петров / „Македон“ / „Фејсбук“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан