Мократа кошула на Колин Фирт од „Гордост и предрасуди“ купена за 11.700 евра
- Сцената во којашто Колин Фирт излегува од езеро во мокра кошула како господинот Дарси во британската филмска адаптација (од 1995 година) на романот „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, е една од можеби најкултните.
Лондон, 6 март 2024 (МИА) - Сцената во којашто Колин Фирт излегува од езеро во мокра кошула како господинот Дарси во британската филмска адаптација (од 1995 година) на романот „Гордост и предрасуди“ (Pride and Prejudice) на Џејн Остин, е една од можеби најкултните во ова филмско остварување. А, таа кошула е продадена вчера на аукција во Лондон за околу 11.700 евра.
Пред наддавањето, аукционерите ја проценија вредноста на кошулата меѓу 8.000 и 11.700 евра.
Кошулата е една од 60-те филмски и ТВ костими од наддавањето, а целиот приход е наменет за добротворни цели. На интернет-аукцијата што ќе трае до 10 март, се нудат и сценарија за филмови и ТВ-серии, како и сувенири од познати личности. Во понудата, на пр., се и оделото на Џони Деп од филмот „Заспаната долина“ (Sleepy Hollow) и маскенбал-костимот на Хит Леџер од филмот „Казанова“. Целата колекција опфаќа повеќе од 400 години модна историја, со впечатливи барокни костими - до одела и тоалети од средината на 20. век.
Меѓу понудените предмети е и потпишаното сценарио за филмот „Љубов, всушност“ (Love, Actually) - подарок од авторите Ричард Кертис и Ема Фројд. си/ссм/
Фото: Јутјуб