• сабота, 21 декември 2024

СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените

СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) – По завршување на есенската потрошувачка кошничка на крајот на октомври со која со одлука на Владата беше ограничената профитната маржа на 73 основни прехранбени производи, вчера опозициската СДСМ до Собранието достави Предлог измени за укинување на ДДВ-то од пет на нула проценти за сите основни прехранбени производи. 

Со ваквиот предлог, според проценките на СДСМ, граѓаните ќе имаат месечна заштеда од 1.200 до 2.000 денари. 

- Она што е најважно е дека за спроведувањето на Предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски, изјави вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче, повикувајќи ги сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законското решение.

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека нема да дадат поддршка на законското решение бидејќи според нив тоа нема да придонесе за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку се работи за креирање на дневно-политички теми. 

Пратеникот Бојан Стојановски во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ четирипати одбила такво законско решение.

- Да ја потсетам јавноста, го покачија ДДВ на над 2000 прехранбени производи од 5 на 10 отсто и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа прехрана не била здрава, па затоа се покачува данокот. Апсолутно нема врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката, којашто воопшто не е во иста кореспонденција за она што нам ни е укажано, рече Стојановски.

Од Владата најавија дека доколку повторно има зголемување на цените на прехранбените производи, ќе бидат преземени поригорозни казни. Оттаму се задоволни од ефектите од есенската потрошувачка кошничка, а најавуваат во следниот период и божиќна кошничка, рамазанска, велигденска,... кои ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните. Овие мерки ќе имаат ограничено времетрење од 15 до 30 дена. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува на денешната владина седница да биде отворено и прашањето за маржите - дали тие и натаму ќе останат замрзнати и

Министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференцијата на 1 ноември свикана по завршување на есенската потрошувачка кошничка посочи дека со оваа мерка граѓаните заштедиле до 1360 денари.  

- Со есенската кошничка цените на производите се намалија за пет до десет отсто. Има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти,... Нашите податоци кажуваат дека искажано во пари за едно четиричлено семејство на месечно ниво заштедата на дел од производите изнесува од 690 ден до 1 360 денари, зависно од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите. Тоа го потврдуваат и податоците на Синндикатите од нивната синдикална кошница каде што во октомври во делот на храна и пијалоци е намалена за 935 денари, рече Дурмиши.

Дополнително намалување, тој очекува во ноември со Законот за нефер трговски практики. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија, каде ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошница со показатели колкави се минималните трошоци на едно четиричлено семејство, при објавувањето на податоците за октомври, излегоа со оценка дека мерката на Владата не ги дала посакуваните резултати затоа што трговците ја изиграле. 

- Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот на храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намалана за 965,00 денари, истакнаа од ССМ при објавата на синдикалната кошница за октомври.

Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од стра

Од ССМ остануваат на ставот дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци. 

Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство во октомври му биле потребни минимум 61.249,00 денари за подмирување на основните потреби. Овој износ се зголемува доколку семејствата плаќаат и кирија за стан. Најголем дел од месечните потреби или 22.069,00 денари биле потребни само за храна и пијалоци. 

Во втората половина од септември, Владата на седница ја донесе мерката за ограничување на бруто профитната маржа на 10 проценти за 73 најчесто купувани прехранбени производи. Мерката важеше до крајот на октомври. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан