• недела, 22 декември 2024

До 2028 година 25 нови градинки, најави министерот Лимани

До 2028 година 25 нови градинки, најави министерот Лимани

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Во тек е изградба, доградба и опремување на 15 градинки кои ќе овозможат прифаќање на околу 1 400 деца, а до 2028 година е планирано отворање на 25 нови градинки низ државата, рече денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. 

Во обраќањето на настанот Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што го организира Владата, Лимани напомена дека инвестирањето во градинките не зависи само од централната власт, туку во целиот процес мора да се вклучат и општините.

Министерот најави и вработувања на негувателки во градниките. Закнот за нови лиценци се изготвува и, како што истакна Лимани, до крајот на овој месец најверојатно ќе помине на Влада и во Собрание.

-Нашата цел е да нема листи на чекање за децата во градинките. Затоа, до 2028 година планираме да бидат отворени 25 нови градинки во повеќе општини, меѓу кои Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Куманово, Штип, Свети Николе, Зелениково, Демир Капија, Студеничани, Струга, Гостивар, Брвеница, Челопек, Боговиње,... Исто така, веќе е во тек изградба, доградба и опремување на 15 градинки во Свети Николе, Могила, Дебар, Гевгелијав, Карбинци, Таринци, Кочани, Битола, Пробитштип, Центар, Илинден, Теарце, Делчево и Прилеп. Но, не значи дека ако ние инвестираме, сето тоа зависи само од нас, ќе мора и општините да соработуваат во овој дел, со нив да планираме кои ќе бидат нивните нови барања за нови градинки. Покрај ова, се обидуваме да го зајакнуваме и стручниот кадар. Ќе мора да има и нови вработувања, потенцира министерот.

Тој потсети дека пред неполна недела е потпишан Договор со Општина Гази Баба за градинка, како и со Петровец.

-Ако се навратиме на „100 дена Влада“, имаме поставено камен-темелник на градника во Бутел вредна 100 милиони денари и во Гази Баба вредна 19 милиони денари. Почнавме со градежни актинвости од над 120 милиони денари за доградба на објектот „Изворче“ при градинката „Срничка“ во Аеродром, а пуштена е во употреба и доградбата на градинаката „Гоце Делчев“ во Илинден, рече Лимани. мч/aa/

фото: принт скрин

 

Остани поврзан