• недела, 21 април 2024

Младите од Крива Паланка бесплатно ќе ги користат спортските објекти

Младите од Крива Паланка бесплатно ќе ги користат спортските објекти

Крива Паланка, 28 март 2024 (МИА) - Младите на возраст од 15 до 29 години ќе можат и годинава да ги користат бесплатно спортските терени од Крива Паланка, спортска сала и тениско игралиште, согласно Програмата за млади за 2024 година на општината.

-Бесплатните термини за спортската сала "Бранители 2001" и тенискиот терен се достапни секој петок и сабота, од 16 часот, со времетраење од 60 минути, сѐ до вечерните часови. Заинтересираните секој четврток ќе бидат контактарани и информирани дали нивното барање е одобрено, додека корисниците ќе се избираат редоследно, според тоа кој прв ќе закаже за тековната недела. Истиот принцип ќе важи за секоја наредна недела.Во случај на повеќе пријавени за истиот термин и објект, предност ќе има лицето кое не ги користело термините претходната недела. Младите со себе треба да носат соодветна опрема, за да не се оштетува теренот, а лицето – барател да носи документ за идентификација, за докажување на возраста и жителството, т.е. мора да е жител на Крива Паланка, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Лицето – барател е одогворено за останатите учесници во активностите дека се на возраст од 15 до 29 години.
Заинтересираните млади може да се пријават на следниот линк: https://www.krivapalanka.gov.mk/sport/besplaten-sport . ид/

Фото: Општина Крива Паланка

Остани поврзан