• среда, 03 јули 2024
МИА Општински пул

27 мај 2024 

Скопје - Вкупно 100 возачи се казнети во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден во Град Скопје.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола изречени се 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на моторцикли...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Скопје - Вкупно 100 возачи се казнети во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден во Град Скопје.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола изречени се 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на моторцикли...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Битола - Интернационалниот фестивал на монодрама продолжува со монодрамски претстави од Бугарија и Турција.

Пред битолската публика ќе настапат актерот Севар Иванов од Софија, кој ќе ја одигира монодрамата „Кученцето се насмеа“ работена според романот „Прашај ја прашината“ од Џон Фанте во режија на Ана Батева, а веднаш потоа, на големата сцена на НУ Центар за култура ќе настапи Седа Елхан од Истанбул која ќе ја изведе монодрамата „Куќата на Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Јешим Кочак и Јале Керабикер.

Интернационалниот фестивал на монодрама годинава слави јубилеј 25 години, основан е на иницијатива на Љупка Пајевиќ, тогашна директорка на битолскиот Дом на култура, а се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Кочани – Претставата „Момчето со пругасти пижами“ во изведба на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија (ДАФ) што се одржа во Кочани. На режисерот на истата претстава, Владимир Јованоски му припадна наградата „Борс Стојчев“ за најдобра режија.

На прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, жири комисијата во што ја сочинуваа актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов, оцени дека тетовските актери прикажале извонредна театарска игра.

-Ова е најдобрата претстава на овогодишниот ДАФ затоа што во сите театарски сегменти - актерска игра, режија и визуелен идентитет беше на највисоко ниво. Претставата одушеви со искрена енергија, исклучителна партнерска игра и не ја остави публиката рамнодушна, се истакнува во образложението на жирито.

Награда во категоријата за претстава за деца и младинци доби претставата „Валентајн, не благодарам“ во изведба на „Прва проба“ од Скопје.

Скопје - Поради дефект на ППХ од ф 80мм на ул. „Ферид Бајрам“ бб (во близина на ООУ „Панајот Гиновски“) - Скопје, прекинато вдоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Штип - Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.

Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител.

Скопје - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 180 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 20-ти до 26 мај 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 75 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП „ПОЦ“.

Куманово - Кумановци сè уште купуваат вода за пиење. Надлежните од јавното претпријатија „Водовод“ и граѓаните го чекаат последниот резултат од земените мостри од центарот за јавно здравје за да може да ги соопштат резултатите. Законските родови се децидни и потребни се три последователни анализи на земени мостри од различни локации. Препораките на надлежните е водата да се преврива и да се користи како техничка сè до конечна потврда од центарот за јавно здравје.

Според законските процедури до утре до 14 часот би требало да ги добиеме резултатите од трите последователни анализи од мострите земени од десет локации низ градот, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Екипите на Центарот за јавно здравје првите резултати ги зедоа во четврток, вторите во петокот, третите во саботата. За секоја анализа потребни се по 48 часа.

- И денеска ќе бидат земени мостри од десет локации за хемиска и микробиолошка анализа, додава Стојмановски.

Од кумановската општа болница информираат дека сè до последните резултати пациентите ќе ги праќаат во скопските клиники и болници.

Скопје - Услугите на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ за брзо време ќе бидат достапни и за корисниците на мобилниот оператор „Мтел“, информираат денеска од Општина Центар.

Минатата недела, како што се појаснува во соопштението, директорот на ова претпријатие, Душко Коцевски потпишал договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија. Со овој договор ќе се овозможи наплата на паркинг-услугите со СМС пораки на бројот 141414, се појаснува во соопштението.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во писмена изјава вели дека овој договор е показател за посветеноста на двете компании кон современи услуги за граѓаните.

Договорот со што ЈП „ПОЦ“ го воведува мобилниот оператор „Мтел“ за наплата на паркинг со СМС ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг-услугите на претпријатието. Тоа, исто така, значи и воспоставување долгорочно партнерство со компанијата. ЈП „ПОЦ“ ја прави достапна оваа услуга за сите со цел да ги задоволи потребите на граѓаните, наведува Герасимовски.

Дебар - Македонската заедница во САД, по потекло од областа Мала Преспа, Албанија, за време на вкендот, во Њу Џерси ја  организираа првата преспанска средба.

-Настанот беше проследен со богат избор на автентична македонска музика. Присутните не само што уживаа во познатите македонски песни, туку средбата ја искористија да споделат спомени и мисли за својот роден крај. Организаторите најавуваат дека истата ќе стане традиционална, пренесува весникот „Македониум“.

Додава дека оваа средба доаѓа како дел од подолгата традиција на македонската заедници во дијаспората, која го следи примерот на Македонците од Мала Преспа кои живеат во Канада. 

 

 

Остани поврзан