• недела, 12 мај 2024

Киплангат победник на маратонот на СП 2023

Киплангат победник на маратонот на СП 2023

Будимпешта, 27 август 2023 (МИА) – Дваесет и тригодишниот Виктор Киплангат од Уганда е победник на машкиот маратон на Светското првенство во Будимпешта. Киплангат претпладнево до златото истрча со време два часа, осум минути и 53 секунди.

  

Второто место и сребрениот медал се за Мару Тефери од Израел кој маратонот го заврши со време 2:09,12 часа.

 

Бронзата отиде кај Леул Гебресиласе од Етиопија кој долго време беше втор, но не издржа до крај и на крајот мораше да се задоволи со третото место.

 

Светското првенство во атлетика завршува вечер со финалињата во седум дисциплини. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан