• петок, 16 август 2024

Ѓоковиќ загуби од Чилеанецот Табило во третото коло на Мастерсот во Рим

Ѓоковиќ загуби од Чилеанецот Табило во третото коло на Мастерсот во Рим

Рим, 12 мај 2024 (МИА) - Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Рим (Италија).

Србинот попладнево во 1/16 финалето коло загуби од Чилеанецот Алехандро Табило во два сета - 2:6, 3:6.

Два дена претходно, во петокот на 10 мај, еден од навивачите со шише случајно го погоди Ѓоковиќ во главата додека тенисерот им даваше автограми на навивачите по победата над Французинот Корентин Муте.

Во четвртото коло на турнирот во Рим, Алехандро Табило ќе игра против Русинот Карен Хачанов. 

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 7,8 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан