• недела, 22 декември 2024

УС Опен го зголеми наградниот фонд

УС Опен го зголеми наградниот фонд

 

Њујорк, 16 август 2024 (МИА) – Наградниот фонд на последниот сезонски Грен слем тениски турнир, УС Опен, ќе биде зголемен за осум проценти во однос на 2022 година, објавија денеска организаторите.

Како што е соопштено, годинешниот награден фонд на турнирот во Њујорк ќе изнесува рекордни 65 милиони долари.

Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по три милиони долари, што е за 15 отсто повеќе од лани, а поразените во финалето во поединечна конкуренција ќе добијат по 1,5 милиони долари.

Оваа година УС Опен ја слави 50-годишнината од воведувањето на еднакви парични награди за тенисерки и тенисерки. Во 1973 година, турнирот беше првиот од четирите Грен – слем турнири што воведе еднакви парични награди за мажи и жени, при што сите се натпреваруваа за вкупна наградна сума од 100.000 долари, со исплата од 25.000 долари за победниците во сингл во машка и женска конкуренција.

Отвореното првенство на САД годинава на програмата е од 28 август до 10 септември. Титулите ќе ги бранат Шпанецот Карлос Алкараз и полската тенисерка Ига Швјонтек. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан