• четврток, 04 јули 2024

Чави: Ако го испуштиме и второто место би било чекор назад за Барса, натпреварот против Сосиедад е од витално значење

Чави: Ако го испуштиме и второто место би било чекор назад за Барса, натпреварот против Сосиедад е од витално значење

Барселона, 12 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави ги сподели своите очекувања за утрешниот меч со Реал Сосиедад.

По ремито на Жирона против Алавес, Барселона може да се врати на второто место во лигата доколку утре го победи Реал Сосиедад.

Второто место во Ла Лига обезбедува учество во шпанскиот Суперкуп следната сезона, што може да му обезбеди на клубот дополнителен приход.

- Имаме шанса повторно да го заземеме второто место. По ремито на Жирона, се зависи од нас самите. Реал Сосиедад е на извонредно ниво, нивниот тренер врши одлична работа, тие работат многу добро. Сигурен сум дека ова е тежок, непопустлив противник. Ова ни ја отежнува задачата. Нашиот тим се обидува да покаже дека може да победи сериозен противник по поразот од Жирона (2:4). Невраќањето на второто место би било неуспех, чекор назад. Остануваат уште четири натпревари и утрешниот натпревар е од витално значење за нас, изјави тренерот на Барселона на прес-конференцијата пред натпреварот.

Што се однесува до врвот во Ла Лига, таму е Реал Мадрид кој веќе ја обезбеди шампионската титула. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан