• понеделник, 20 мај 2024

Арсенал го совлада Манчестер јунајтед и се врати на првото место во Премиер лигата

Арсенал го совлада Манчестер јунајтед и се врати на првото место во Премиер лигата

Манчестер, 12 мај 2024 (МИА) - Арсенал го победи Манчестер јунајтед со 1:0 на гостински терен во денешниот натпревар од 37. коло на Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол беше Леандро Тросард во 20. минута.

Арсенал со 86 бодови се врати на првото место во премиерлигашкиот поредок. Тимот на Микел Артета го престигна Манчестер сити кој има 85, но има еден и натпревар помалку.

Манчестер јунајтед со 54 остана осми во поредокот.

До крајот на сезоната во Премиер лигата, Арсенал ќе игра со Евертон на домашен терен и ќе чека „кикс“ на Манчестер сити на натпреварите со Тотенхем на гости или со Вест Хем дома. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан