• понеделник, 23 декември 2024

Баерн му понуди на Флик двегодишен договор

Баерн му понуди на Флик двегодишен договор

Минхен, 12 мај 2024 (МИА) – Раководсвтото на Баерн Минхен е во преговори со тренерот Ханс Дитер Флик.

Според инсајдерот Николо Шира тимот од Минхен на 59-годишниот фудбалски стручњак му понудил договор за период од две години - до крајот на 2026 година. 

„Билд“ претходно објави дека Баварците ја отфрлиле опцијата да го покани тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг.

Последната работа на Флик беше во германската репрезентација, која ја напушти во 2023 година. 

Пред тоа Флик беше тренер на Баерн со кој двапати ја освои шампионската титула на Германија и ја освои Лигата на шампионите (сезона 2019/20). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан