• среда, 08 април 2026

Макпетрол најуспешен клуб на Државното карате првенство за сениори

Макпетрол најуспешен клуб на Државното карате првенство за сениори

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Најуспешен клуб на Државно карате првенство за сениори што се одржа изминатиот викенд во Скопје е Макпетрол. 

Каратистите на Макпетрол првенството го завршија со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

Втор е Олимпик спорт со 7 (4-3-0).

Третото место им припадна на Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0).

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски не е задоволен од судењето.

-За ова првенство имаме многу сериозни забелешки на делењето на судиската правда, и забелешки исто така имаме и на Правилникот за избор на репрезентацијата. Овој правилник испадна крајно манипулативен и со многу недостатоци во себе, од овие причини не беа избрани најдобрите спортисти да влезат во репрезентацијата. Од 10 тежински категории дури во четири категории направени се големи пропусти. Тројца наши спортисти се грубо оштетени со лоши судиски одлуки. Наместо да бидат први, сосема неправедно тие нема да бидат во состав на репрезентацијата, истакна Заборски.

Државното првенство беше од изборен карактер за македонската репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 март.

Првопласираните обезбедија место во репрезентацијата. зс/

Фото: КК Макпетрол

Остани поврзан