• среда, 08 април 2026

,,Грижи се за себе, започни денес", превентивен настан за светскиот ден на здравјето во Кавадарци 

,,Грижи се за себе, започни денес

Кавадарци, 7 април 2026 (МИА) - ,,Грижи се за себе, започни денес", е мотото на денешниот настан, што се реализира во Кавадарци,  во рамките на одбележувањето на светскиот ден на здравјето, организиран од комисиите за еднакви можности и за здравство, при Советот на Општината. 

Советничката во Советот на Општина Кавадарци, Емилија Василева Иваноска појасни дека здравствени работници, меѓу кои фармацевти, лекари, средношколци од фармацевтска и медицинска струка, даваат неколку бесплатни здравствени услуги и совети на заинтересирани лица на градскиот плоштад, а се вршат и одредени тестови за рана дијагностика за одредени болести. 

Настанот беше поддржан од неколку фармацевтски компании. свд/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан