• вторник, 02 јули 2024

Вашингтон: Американските фирми во Хонг Конг под зголемен ризик

Вашингтон: Американските фирми во Хонг Конг под зголемен ризик
Лондон, 13 јули 2021 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден неделава ќе ги предупреди американските компании за зголемениот ризик за деловно работење во Хонг Конг поради најавите на Кина за воспоставување поголема контрола врз тој финансиски центар, обајави Фајненшл тајмс. Лондонскиот весник наведува дека овие деловни закани вклучуваат можност кинеската Влада да добие пристап до податоците на странски компании во Хонг Конг. Фајненш тајмс како ризик го наведува и новиот Закон, кој му овозможува на Пекинг да воведе санкции против сите оние кои дозволуваат странски санкции против кинески деловни групи и официјални лица од таа земја. ми/

Остани поврзан