• среда, 03 јули 2024

Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции на комуналните јавни претпријатија

Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции на комуналните јавни претпријатија

Белград, 2 јули 2024 (МИА) – Во главниот град на Србија од синоќа до утрово наврнале повеќе од 55 литри дожд на метар квадратен, што е количина вообичаена за еден месец. За справување со последиците од невремето на терен се 1.500 работници на јавните комунални претпријатија, а до вечерва се очекува состојбата да се стабилизира.

Според градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ имало над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија. 

„Имавме над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија, 1.500 работници на терен. Ситуацијата почнува малку да се стабилизира. Петнаесет линии на јавен превоз беа прекинати поради неможност за прооден сообраќај“, изјави Шапиќ.

Тој им порача на белграѓани да бидат свесни за околностите и да ги прифатат новите временски услови. За попладнево во Белград метеоролозите најавија нови врнежи од дожд. зш/

Остани поврзан