• недела, 22 декември 2024

Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Брисел, 2 јули 2024 (МИА) - Во Брисел се одржува заедничка средба како дел од дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и претставникот на Европската унија за дијалогот, Мирослав Лајчак, јави Радио Слободна Европа.

Билатералните разговори меѓу европската и српската страна траеја повеќе од два часа, двојно повеќе од планираното, па затоа е одложен почетокот на заедничката средба. По разговорите со српската страна, Лајчак оствари билатерална средба со косовската делегација.

РТС јави дека трилатералната средба започнала околу 19 часот, на која учествуваат претставници на двете страни, но и домаќините. Директните разговори се водат по претходниот обид кој пропадна поради предусловите на Приштина кои Белград не ги исполни, пренесе Бета.

Главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими треба да разговараат за планот за имплементација на договорот за нормализација на односите, што лидерите го постигнаа во февруари 2023 година во Брисел, а потоа разговараа на состанокот одржан во март во Охрид го договорија анексот за имплементација.

Претходно, портпаролот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Петер Стано, изјави дека приоритет на средбата ќе биде „итен почеток на имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите“.зш/

Остани поврзан