• вторник, 02 јули 2024

ОН: 250.000 луѓе во јужна Газа погодени од новата израелска наредба за евакуација

ОН: 250.000 луѓе во јужна Газа погодени од новата израелска наредба за евакуација

Женева, 2 јули 2024 (МИА) - Агенцијата на ОН за поддршка на палестинските бегалци процени денеска дека четвртина милион луѓе биле погодени откако израелската армија издаде нова наредба за евакуација на делови од јужна Газа еден ден претходно.

„Видовме луѓе како се движат, семејства како се движат, луѓе почнуваат да ги пакуваат своите работи и се обидуваат да ја напуштат оваа област“, ​​изјави во Женева портпаролката Луиза Вотериџ, преку видео врска од Газа.
Таа додаде дека агенцијата „проценува дека околу 250.000 луѓе се погодени од тие наредби“. зш/

Остани поврзан