• вторник, 02 јули 2024

Четиринаесет загинати при уривање на трикатна зграда во Египет

Четиринаесет загинати при уривање на трикатна зграда во Египет

Каиро, 2 јули 2024 (МИА) - Четиринаесет лица загинаа при уривање на трикатна зграда во јужниот египетски град Асиут, изјави денеска гувернерот на градот Есам Саад.

Телата се извлечени од под урнатините за време на операциите за пребарување и спасување по уривањето на зградата.

„Шест лица се спасени и префрлени во болница“, рече Саад.

Лошото одржување на старите згради и прекршувањето на градежните прописи често се причина за уривање на станбени згради во Египет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан