• среда, 03 јули 2024

264 милиони долари собраа во предизборниот штаб на Бајден во второто тримесечие

264 милиони долари собраа во предизборниот штаб на Бајден во второто тримесечие

Вашингтон, 2 јули 2024 (МИА) – Двеста шеесет и четири милиони долари собрале предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците во вториот квартал, соопшти кампањата на Бајден.

Тие прецизираа дека 127 од 264 милиони биле собрани минатиот месец и дека е поставен рекорд за донации од обични граѓани на денот на дебатата меѓу Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Изборниот штаб тврди дека имаат и 240 милиони долари во готовина.

Штабот на Бајден имаше тешки телефонски разговори во неделата и вчера со клучните донатори кои се прашуваа дали Бајден треба да остане претседателски кандидат на Демократската партија по неговиот слаб настап во дебатата. Во вториот квартал, 95 отсто од донациите биле под 200 долари, што според предизборниот штаб означува - широка поддршка за Бајден меѓу обичните Американци. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан