• четврток, 20 јуни 2024

Блинкен: Нетанјаху ја повтори посветеноста на прекин на огнот во Појасот Газа

Блинкен: Нетанјаху ја повтори посветеноста на прекин на огнот во Појасот Газа

Ерусалим, 11 јуни 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја „потврдил својата посветеност“ на прекин на огнот во Појасот Газа.

-Синоќа се сретнав со г-дин Нетанјаху и тој повторно ја потврди својата посветеност на предлогот за договор за прекин на огнот, рече Блинкен, мислејќи на планот што САД го претставија пред Обединетите нации (ОН).

Шефот на американската дипломатија, реакцијата на Хамас на презентираниот план ја оцени како „знак на охрабрување“.

Хамас објави дека ја поздравува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа.

Блинкен патува од Израел во Јордан, каде што треба да учествува на состанокот за помош за Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан