• сабота, 21 декември 2024

Претседателкaта на Мексико, Шејнбаум ги именуваше првите членови на новиот кабинет

Претседателкaта на Мексико, Шејнбаум ги именуваше првите членови на новиот кабинет

Мексико Сити, 20 јуни 2024 (МИА) - Новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум денеска ги именуваше првите членови на нејзиниот нов кабинет, кои заедно со неа ќе ја преземат функцијата во октомври.

Шајнбаум го назначи поранешниот министер за надворешни работи Марсел Ебрар за министер за економија.

Таа рече дека дипломатот Хуан Рамон де ла Фуенте ќе ја преземе функцијата министер за надворешни работи. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан