• петок, 16 август 2024

Бајден: Камала Харис ќе биде ѓаволски добра претседателка

Бајден: Камала Харис ќе биде ѓаволски добра претседателка

Вашингтон, 16 август 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката и претседателски кандидат Камала Харис синоќа првпат заедно се појавија на политички собир во Мериленд.

На собирот беше потенциран новиот договор на администрацијата на Бајден за намалување на трошоците за 10 лекови на рецепт за милиони Американци.

- Камала Харис е неверојатен партнер во напредокот што го постигнавме. Таа ќе биде ѓаволски добра претседателка, истакна Бајден на собирот.

Додека Харис истакна дека „малкумина лидери во нашата земја направија повеќе од Џо Бајден за толку многу прашања, вклучително и проширување на пристапот до здравствена заштита“.

Според најновите анкети, Харис води пред републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Аризона, Мичиген, Пенсилванија и во Висконсин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан