• четврток, 21 ноември 2024

Уапсен капетан на грчки траект бидејќи отплови додека автомобил се обидуваше да влезе во бродот

Уапсен капетан на грчки траект бидејќи отплови додека автомобил се обидуваше да влезе во бродот

Атина, 16 август 2024 (МИА) – Возила и патници доцна синоќа не успеаја да се влезат во траектот на грчкиот остров Андрос, откако капетанот поради силниот ветер и брановите, одлучи експресно да отплови, затворајќи ја портата во моментите кога еден автомобил се обидуваше да влезе во бродот, а по инцидентот уапсен е капетанот за загрозување на безбедноста на патниците, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако видеото од инцидентот беше објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како членовите на екипажот го туркаат автомобилот назад на пристаништето, по што портата се затвора и траектот отпловува, од Министерството за поморство и островска политика на Грција соопштија дека надлежниот министер Христос Стилианидис наредил итно расчистување на случајот и апсење на капетанот.

Објаснија дека траектот го чекале десет патници и четири возила, а од само тројца патници и едно возило влегле во бродот, а поради лошите временски услови капетанот оценил дека е небезбедно да остане подолго време на пристаништето.

При инцидентот нема повредени, а автомобилот претпрел помала материјална штета. ср/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан