• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку седумнаесет повредени во земјотресот со јачина од 4,8 степени во Сирија

Најмалку седумнаесет повредени во земјотресот со јачина од 4,8 степени во Сирија

Дамаск, 16 август 2024 (МИА) - Најмалку седумнаесет лица се повредени денеска во земјотресот со јачина од 4,8 степени во градот Саламија, во западна Сирија, јавија светските агенции, повикувајќи се на сириска новинска агенција.

Германскиот Истражувачки центар за геонауки претходно соопшти дека земјотресот се случил на границата меѓу Сирија и Јордан.

Земјотресот, кој се почувствувал и во Либан, бил на длабочина од 10 километри.

Во земјотрес со јачина од 4,8 степени, што на 12 август го погоди западниот сириски град Хама, беа повредени десетици луѓе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан