• сабота, 17 август 2024

Израел ги повика цивилите итно да го напуштат јужниот и централниот дел на Газа

Израел ги повика цивилите итно да го напуштат јужниот и централниот дел на Газа

Тел Авив, 16 август 2024 (МИА) - Израелските вооружени сили денеска ги повикаа цивилите во јужниот и централниот дел на Газа итно да ги напуштат областите, бидејќи престои нова воена операција, а во меѓувреме американскиот амбасадор во Израел рече дека е „згрозен“ откако Палестинец беше убиен од непријателски израелски доселеници на Западниот Брег, јави ДПА.

„Терористичката организација Хамас воспостави терористичка инфраструктура во област означена како хуманитарна зона“, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм. Се наведува дека палестинската вооружена група Хамас вчера истрелала ракети врз Израел од градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

„ИДФ ќе преземе акција против терористичките организации во областа“, се наведува во објавата.

Преку летоци, СМС пораки, телефонски повици и извештаи на медиумите на арапски јазик, ИДФ им нареди на цивилите да се преселат во хуманитарна зона чии граници беа променети.

Меѓу погодените области се северните делови на Кан Јунис и источно од градот Деир ал Балах.

ИДФ соопшти дека однапред ги предупредува цивилите „за да бидат ограничени штетите за цивилното население и да му се даде можност да се оддалечи од зоната на борбените дејствија“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан