• сабота, 17 август 2024

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Брисел, 16 август 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село Џит на Западниот Брег и најави дека планира да предложи санкции на ЕУ против оние кои ги овозможуваат акциите на насилните доселеници, меѓу кои се и некои членови на израелската влада.

„Ги осудуваме нападите на доселениците во Џит, кои имаат за цел да ги тероризираат палестинските цивили“, објави Борел на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека „од ден на ден, речиси целосно неказнето, израелските доселеници поттикнуваат насилство на окупираниот Западен Брег, придонесувајќи за загрозување на секоја шанса за мир“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан