• сабота, 17 август 2024

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го подигна нивото на закана од мајмунски сипаници

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го подигна нивото на закана од мајмунски сипаници

Брисел, 16 август 2024 (МИА) - Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) денеска го подигна нивото на закана од вирусот мпокс, познат како мајмунски сипаници, и ги повика државите да одржуваат високо ниво на внимателност за пристигнувања од области погодени од оваа болест.

Центарот соопшти дека сега ризикот од мпокс за населението и патниците како „умерен“, од „низок“, како што беше до неодамна. Тој додаде дека веројатноста за одржливо пренесување на инфекцијата во Европа останува многу мала, бидејќи случаите кои пристигнуваат од погодените области брзо се дијагностицираат и се спроведуваат мерки за ограничување на ширењето на болеста.

Епидемијата во Демократска Република Конго, предизвикана од видот на вирусот познат како Тип I, почна ендемично да се шири. Но, новата варијанта, тип Ib, се чини дека почна полесно да се шири преку близок контакт, вклучително и сексуален контакт.

„Поради блиските врски меѓу Европа и Африка, треба да бидеме подготвени за повеќе случаи на пристигнувања заразени со тип I“, рече директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Памела Ренди Вагнер.

Претходно оваа недела, Светската здравствена организација го прогласи жариштето на заразата во Африка за вонредна состојба за јавното здравје, откако типот Ib почна да се шири во земјите соседни на ДР Конго. Вчера случај на заразен е регистриран во Шведска.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести препорача здравствените власти во поединечни земји да планираат и да се подготват за брза дијагноза на случаи од тип I кои можат да стигнат до Европа. Центарот предвидува дека влијанието на оваа варијанта на вирусот ќе биде ниско во Европа доколку се спроведат соодветни мерки за надзор и контрола.

Мајмунските сипаници се заразна болест која предизвикува симптоми слични на грип и плускавци на кожата. Болеста е обично блага, но во ретки случаи може да доведе до смрт. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан