• среда, 03 јули 2024

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов подигна 25 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов подигна 25 кубни метри отпад од диви депонии

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигна 25 кубни метри отпад од диви депонии викендов, пишува во денешното соопштение на претпријатието.

- Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје спроведе метење и отстранување на отпадоците одложени на јавни и сообраќајни површини по завршувањето на настанот „Вози право, вози здраво“, што во организација на Градот Скопје се одвиваше на потегот од Порта Македонија до Градскиот парк. Воедно, за време на изминатиот викенд, екипите на претпријатието подигнаа и транспортираа приближно 25 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од две диви депонии, лоцирани на улицата „Славеј Планина“ - кај скопското Теќе и на улицата „Самоилова“, во непосредна близина на амбасадата на САД, се наведува во соопштението.

Еко-патролата на претпријатието, како што се додава, изготви седум записници за лица затекнати при непрописно одлагање отпад на улиците „Крсте Асенов“ и „Емин Дураку“ во општината Чаир, „Хошимин“ во општината Бутел, „Петар Поп Арсов“ во општината Центар, како и на улицата „Миле Поп Јорданов“ и булеварот „Партизански одреди“ во општина Карпош. бд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан