• среда, 03 јули 2024

Прекин во водоснабдувањето за утре најавено во Делчево

Прекин во водоснабдувањето за утре најавено во Делчево

Делчево, 2 јули 2024 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето во  Делчево и околните места, за утре најави делчевското Јавно комуналното претпријатие „Брегалница".

Од претпријатието соопштија дека прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводната мрежа на влезот во градот, односно поради нормализирање на дотокот на вода во цевководот од Тработивиште до Делчево.

Од претпријатието апелират до корисниците навреме да си обезбедат вода за лични потреби. вс/


Фото: МИА

Остани поврзан