• среда, 03 јули 2024

Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров

Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „1670“ во Ново Село, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку делови на општина Ѓорче Петров, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што е најавено, без вода утре од девет часот до санирање на дефектот, ќе бидат улицата „Лука Геров“, Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан