• недела, 17 ноември 2024

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше, а друго прави сега

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше, а друго прави сега

Скопје, 2 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ првично вети 5.000 денари линерано покачување на пензиите, а сега слушаме друго, два пати по 2.500 денари, за време од неколку месеци, што е сосема различно од ветеното, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тренчевска нагласи дека се уште не е познато законското решение, како понатаму ќе биде со покачувањето на пензиите, дали ќе остане методологијата за усогласување на пензиите со трошоците на живот и со просечната плата, која доведе до раст на пензиите за над 30% за 2 години и покачување на минималната пензија од 9.000 на речиси 14.000 денари. 

ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше и за време на кампања, а друго прави сега, нагласи Тренчевска, додавајќи дека и покрај најавите во нивната програма балансерот не се укинува.

Сведоци сме минатиот месец на неконзистентни ставови на ВМРО ДПМНЕ. Од никогаш „Северна“, си дадоа заклетва на Република Северна Македонија, од нема да имаме прв вицепремиер до прв вицепремиер, така да гледаме дека ретрираат во своите ставови, нагласи пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан