• петок, 21 јуни 2024

Јавен повик на Општина Ѓорче Петров за работни места од областа на социјалата

Јавен повик на Општина Ѓорче Петров за работни места од областа на социјалата

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Општина Ѓорче Петров објавува јавен повик за вклучување во програмата општинско-корисна работа. Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско - корисна работа, проект „Обезбедување помош и поддршка при самостојно живеење  на стари лица и лица со попречености“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци, информираат од Општината.

Оттаму појаснуваат дека евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

-Станува збор за следните работни места: Фасилитатор-унапредувач на социјалниот дијалог – една позиција. Потребни квалификации - завршено  најмалку средно образование, активен барател на работа. Станува збор за теренска работа, директен контакт со лицата што се во социјален ризик и мапирање со проблемите со кои тие се соочуваат и нивна анализи, селектирање и формирање на база на податоци кои подоцна би се користеле за формирање на политики за нивно надминување, лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење-инструменталисти – три позиции. Потребни квалификации - завршено најмалку основно образование, активен барател на работа. Услугата лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење, односно помош и поддршка при вршење инструментални  активности во домот, велат од Општина Ѓорче Петров.

Исто така, потребни се и две лица за негователи на стари и изнемоштени – Алцхајмер, палијативна нега или мултиплекс склероза. Потребни квалификации – поддршка во извршување на секојдневните активности, нега и помош во домашни услови.

-Општина Ѓорче Петров на овој начин им помага на невработените лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд, велат од оваа Општина.

Заинтресираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10-ти до 15 јуни 2024 година, од 08:00 до 14:00 часот. сст/аа/

фото МИА архива

 

Остани поврзан