• петок, 17 мај 2024

„Читаме на глас“ – кампања на битолската библиотека

„Читаме на глас“ – кампања на битолската библиотека

Битола, 8 февруари 2024 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола денеска продолжи со кампањата „Читаме на глас“ која се реализира во битолските основни училишта.

Кампањата е во рамки на манифестацијата „Месец на гласно читање“, а која ние ќе ја реализираме во текот на целата година, изјави за МИА, Јасминка Кочевска, координатор на кампањата.

-Денеска кампањата ја реализираме со учениците од основното училиште „Д-р Трифун Пановски“, а претходно бевме и во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“. Читањето на глас е клучна метода за развивање на читачки навики и постигнување на успех во училиштето, како и стекнување на знаење и вештини. На овој начин се работи на превенција на тешкотии при читањето. Книгата е во центарот на вниманието на детето и извор на корисно и возбудливо искуство. Се проширува речникот на најмладите и нивното општо знаење, бидејќи тоа што го читаат може да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе. Децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот што е важно за образованието, посочи Кочевска.

Кампњата „Читаме на глас“ се реализира меѓу учениците од четврто и петто одделение, потврдија од НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола. мт/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан