Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 17 мај 2024
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден на новинарско прашање за проектот на Коридорот 8 истакна дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.
Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.
Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше.
Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ја оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација и го носи на државата.
Јавно прашуваме, дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција „Вреди”, губитниците на парламентарните и претседателските избори?!
Досега во овие неколку дена не нарекоа „македонски албанци“, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната Влада.
Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови?
Европски фронт
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.