• вторник, 05 ноември 2024

Хоти потпиша договор со ДФЦ

Хоти потпиша договор со ДФЦ
Приштина, 22 септември 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Авдулах Хоти и извршниот директор на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Болер потпишаа договор за соработка. Според „Газета експрес“, договорот е потпишан по средбата на Хоти со американска делегација, на која покрај Болер биле и пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Рикардо Гренел и претставници на УСАИД и ЕСКИМ. По потпишувањето на договорот, Гренел рече дека договорот подразбира нови, високо платени работни места. Тој додаде дека делегација на САД ќе дојде на Косово, додавајќи дека Трамп е горд на економскиот договор и оти им порачал да дојдат на Косово. јт/

Остани поврзан