Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
- Меѓу загинатите има 589 жени и најмалку 185 малолетници.
Бејрут, 4 ноември 2024 (МИА) - Бројот на загинати во Либан од почетокот на новиот конфликт меѓу Израел и Хезболах е над три илјади, соопшти денеска либанското Министерство за здравство, јави ДПА.
Според нивните податоци, вчера во израелските напади загинале 16 лица, а 90 се ранети.
Најмалку 3.002 лица се убиени, а 13.492 се ранети во Либан од почетокот на конфликтот, предизвикан од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас против Израел на 7 октомври минатата година.
Меѓу загинатите има 589 жени и најмалку 185 малолетници.
Либанското Министерство за здравство не прави разлика во статистиката меѓу убиените цивили и припадниците на „Хезболах“, јави ДПА. зш/