• среда, 04 декември 2024

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Тирана, 4 ноември 2024 (МИА) - Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град.
Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

- Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип. 

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек. вт/

Остани поврзан