• четврток, 09 април 2026

Калас: Примирјето шанса за дипломатија и повторно отворање на Ормуската Теснина

Калас: Примирјето шанса за дипломатија и повторно отворање на Ормуската Теснина

Брисел, 8 април 2026 (МИА) - Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, оцени дека договорот за примирје меѓу САД и Иран претставува „чекор назад од работ на пропаста“ по неколкуте недели ескалација на судирите.

Калас на платформата „Икс“ напиша дека договорот создава можност за намалување на заканите, запирање на ракетните напади, обновување на поморскиот сообраќај и отвора простор за дипломатски активности за трајно решавање на конфликтот.

Особено нагласи дека Ормуската Теснина мора повторно да биде отворена за пловидба.

Калас во разговор со пакистанскиот министер за надворешни работи, Мишак Дар, се заблагодари на Пакистан за посредувањето во постигнувањето примирје.

„Вратите за посредништво мора да останат отворени бидејќи основните причини за војната сè уште не се решени“, рече Калас. Таа додаде дека ЕУ е подготвена да ги поддржи напорите за надминување на конфликтот и е во контакт со партнерите во регионот, а за тоа ќе разговара и за време на посетата на Саудиска Арабија. аб/сд

фото/МИА архива

Остани поврзан