• понеделник, 01 јули 2024

Тинејџерка тргна на патување - 51.000 километри околу светот

Тинејџерка тргна на патување - 51.000 километри околу светот
Лондон, 19 август 2021 (МИА) - Зара Радерфорд вчера тргна во мисијата да стане најмладата жена која сама со лет ќе го обиколи светот. Белгија и Велика Британија се првите во одисејата од 51.000 километри, 52 земји и пет континенти. Тинејџерката ќе лета со ултралесен авион „Шарк“ (ајкула) којшто може да крстосува со 300 километри на час. На Зара, летањето „ѝ е во крвта“ затоа што нејзината мајка Белгијка, како и татко ѝ Англичанец - и двајцата се авијатичари. - Во мигот кога ќе се кренеш од земјата, забораваш на сѐ. Тогаш си само ти и авионот, изјави тинејџерката пред да полета. Радерфорд, која има 19 години, поседува британско и белгиско државјанство. Таа инаку, полета од градот Кортријк, Белгија. Женскиот рекорд го држи Шаеста Вајз од САД, која сама го прелета светот на 30 години. Машкиот рекорд го држи 18-годишник, што Ратерфорд го смета за полова нееднаквост. Таа се надева дека нејзината епска мисија ќе заинтересира повеќе жени и девојки околу летањето и воопшто - „да ги следат своите соништа“, според нејзината интернет-страница. При патувањето, девојчето ќе најде сместување кај познаници и поддржувачи ширум светот. Нејзиното враќање во Белгија се очекува за околу три месеци, на почетокот на ноември.  си/ссм/

Остани поврзан