• понеделник, 23 декември 2024

„Колдплеј“ со изненадуваање во Гластонбери - со нив свиреше и Мајкл Џ. Фокс

„Колдплеј“ со изненадуваање во Гластонбери - со нив свиреше и Мајкл Џ. Фокс

„Колдплеј“ со изненадуваање во Гластонбери - со нив свиреше и Мајкл Џ. Фокс
Гластонбери, 1 јyли 2024 (МИА) -
Поп-составот „Колдплеј“ во саботата настапи на Фестивалот во Гластонбери, Англија. А, со нив свиреше и глумецот Мајкл Џ. Фокс, кој со години се бори со Паркинсоновата болест.

Џ. Фокс (63) на сцената се појави со гитара и во ортопедска количка, а по настапот се огласи и на „Инстаграм“.

„Испраќам љубов и благодарност до тимот на 'Колдплеј' што се погрижи толку добро за нас. И голема благодарност до Крис, Вил, Џони, Гај и Фил. О, да, во случај да се прашувате - беше e**нo многу добро. Има одредено време за секој бенд и бенд за секое време, ова е времето на 'Колдплеј',“ напиша Мајкл.

За време на настапот, предодникот на групата, Крис Мартин ѝ кажа на публиката дека Џ. Фокс има клучна улога во создавањето на тој поп-состав.

- Главната причина зошто сме бенд, е тоа што го гледавме „Враќање во иднината“. Засекогаш му благодариме на нашиот херој и еден од најневеројатните луѓе во светот, г-н Мајкл Џ. Фокс. Ти благодарам многу Мајкл, ти си нашиот херој!, нагласи Крис.  си/

Фото: „Инстаграм“-објава

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BBC Radio 2 (@bbcradio2)

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан