Француските режисери Беноа Жако и Жак Доајон обвинети за силување
- Жудит Годреш, исто така режисерка и глумица, поднесе обвиненија за силување и сексуален напад кога таа била малолетна.
Париз, 1 јyли 2024 (МИА) - Француските филмски режисери Беноа Жако и Жак Доајон денеска се приведени на сослушување поради обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство, известија извори блиски до случајот.
Жудит Годреш (52), исто така режисерка и глумица, поднесе обвиненија против Жако (77) и Доајон (80) за силување и сексуален напад кога таа била малолетна.
И двајцата ги отфрлија обвинувањата, а нивните адвокати го осудија нивното приведување. си/
Фото: Википедија