• петок, 22 ноември 2024

Во Дунав фатен сом долг над два метра, тежок 80 килограми

Во Дунав фатен сом долг над два метра, тежок 80 килограми

Панчево, 28 јyни 2024 (МИА) - Спортски риболовци од северна Србија, синоќа од Дунав, кај Панчево извлекле сом долг над два метра, со тежина од околу 80 килограми. По „тепачката“ со рибата што траела два до три часа, ја измериле, се сликале со неа и ја вратиле во реката.

Рибарите Бојан Славуљ и Милан Дроњак велат дека ова е редок улов од реката.

- Синоќа околу 21 часот рибата загриза и три часа се боревме со неа. За повлекување користевме прачки... Ветерот беше силен, а имаше и големи бранови, па рибата нѐ повлече среде Дунав. Сепак, на крајот „го победивме“ и го извлековме од водата. Сомот, беше долг 2,18 метри, изјави Славуљ за „Н-1“.

Како што раскажува, тој ловел единки тешки до 35, 40 килограми - повеќе од двојно полесни од оваа риба, а сом во овој дел од реката обично тежи 15 - 20 килограми... Најважно, споеред риболовците, е што рибата е вратена во реката.  си/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан