• сабота, 13 декември 2025

Со „Еферкланг Македониум бенд" во Кочани заврши дводневното Кино на отворено

Со „Еферкланг Македониум бенд

Кочани, 14 септември 2025 (МИА) - На Летната сцена на ЦК „Бели мугри" во Кочани синоќа беше прикажан документарниот музички филм „Еферкланг Македониум бенд", интересна приказна снимена во Македонија и режирана од данскиот музичар Андреас Јонсен.

Филмот е спонтан, без сценарио, дел од сцените се снимени во Скопје, финалето во Крушево, на споменикот Македониум. Главнаата улога, покрај музичарите од данскиот бенд, ја има Владица Младеновски - Грга, вработен во МКЦ во Скопје. Тој пристигна во Кочани на крајот од проекцијата на разговор со публиката.

-Филмот е снимен за седум дена, не е претенциозен. Соработката со „Еферкланг“ беше беспрекорна. Бендот од Данска претходно два пати свиреше во Скопје, во МКЦ, по што се договоривме  дека треба да продолжиме со документарен филм. Драго ми е што вечерва во Кочани имаше добра публика, овој простор е прекрасен за филмови на отворено. Се надевам дека ќе продолжимеа да соработуваме со Кочани и со вашиот Центар за култура и дека МКЦ за овде ќе понуди и други настани, рече за МИА Владица Младеновски – Грга, носител на главната улога во овој филм, кој премиерно беше прикажан во Данска минатата година и имаше меѓународен успех.

„Ефтеркланг Македониум бенд" беше последниот прикажан филм во дводневното Кино на отворено во Кочани, проект на Јуроп хаус реализиран од МКЦ во соработка со Кочани и ЦК „Бели мугри“.

Синоќа најпрвин беше прикажан краткиот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија, а во петокот публиката ги проследи „Пепи и Муто“, краток филм во режија на Георги Унковски и „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.

Кино на отворено во Кочани е иницијатива на Јуроп хаус и е посветена на заедницата и младите во Кочани, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот пожар во март  годинава. ис/хс/

Фото: МИА

 

 

  

 

Остани поврзан