• недела, 05 мај 2024

Санкционирани 151 возач во Скопје, 18 за брзо возење

Санкционирани 151 возач во Скопје, 18 за брзо возење

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - МВР соопшти дека во рамки на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје се изречени вкупно 151 меркa, меѓу кои 18 за брзо возење, 12 за возење без возачка дозвола и 12 за непрописно престројување на возила.

Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР. мч/aa/

фото: МИА архива

Остани поврзан