• вторник, 16 јули 2024

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Приштина, 5 мај 2024 (МИА) – Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на судот во Урошевац, против лицето, идентификувано со иницијалите Б.К., е покрената потерница од Интерпол, поради сомневање дека е сторител на кривични дела „подготовка на терористички дела и разбојништво“.

- Против обвинетиот е распишана меѓународна потерница од Интерпол, со барања од 2 април 2005 година и 9 мај 2008 година од државата Северна Македонија. Обвинетиот Б.К. е осомничен дека ги сторил казнените дела во државата Северна Македонија и на 03.05.2024 година е приведен и уапсен од Единицата за брзи интервенции и Единицата за борба против наркотици во Урошевац, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека странките се известени оти жалбата против ова решение не го одлага неговото извршување.

Од македонското Министерство за внатрешни работи за МИА информираат дека се известени за апсењето од косовските колеги. 

Медиумите во земјава јавуваат дека станува збор за Агим Красниќи, неговиот брат Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи кои се уапсени во Урошевац. За нив се распишани меѓународни потерници од страна на македонската полиција. Агим Красниќи е во бегство од февруари во 2020 година, кога не се врати во штипскиот затвор по слободен викенд. За доиздржување на казната затвор има уште 3 години и 3 месеци. иа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан