• понеделник, 13 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 мај 2024 (МИА) - На 04.05.2024 во 11.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Џ.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.05.2024 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Димитар Влахов“ во Битола ја привеле  М.В.(31) од Битола, бидејќи кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.05.2024 во 19.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.(42) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“, по барање на ОВР Гостивар. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Гостивар за понатамошна постапка.

На 04.05.2024 во 15.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(31) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана косовска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 04.05.2024 во 20.20 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај место викано „Млин“, М.Б.(45) од Кичево, управувајќи велосипед, паднал од коловозот. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

На 04.05.2024 во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од с.Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од с.Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан“, констатирани во Општата болница во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.

На 04.05.2024 во 12.40 часот во Полициското одделение Сарај, И.А.(55) од с.Глумово, скопско пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

Денеска (05.05.2024) во 08.40 часот во Полициска станица Драчево, И.Б.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје била касната од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан