• недела, 12 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(47) и С.Ј.(37), двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 27.04.2023, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од првопријавениот.  

На 2 мај во 22 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле С.А., на возраст од 25 години од Скопје, поради тоа што околу 21.40 часот во близина на трговски центар, со остар предмет им се заканувал на Ѓ.К.(30) од Скопје и на уште едно лице кое работело како обезбедување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Р.(56), Н.Р.(26), двајцата од главниот град на државава и Б.Х.М.(63) од Кавадарци, од една страна и Б.И.(40) од Скопје, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 02.29 часот во Полициската станица Кочани, Б.С.(38) пријавил дека околу 00.15 часот пред угостителски објект бил физички нападнат од Ж.Ж., двајцата од овој град.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19 часот во СВР Скопје, А.М.(40) од село Волково, скопско, пријавил дека околу 17 часот на подрачјето на Карпош, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од М.Т., Г.Ѓ. и уште едно лице, кои користеле тврди предмети и му го оштетиле неговото возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10.02 часот во ОВР Виница, од виничкиот Здравствен дом било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Д.(61) од Кочани.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во фирма во Виница. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница и известен бил трудов инспектор. 

Вчера во 17.40 часот, полициски службеници од ОВР Виница, во виничко го лишиле од слобода С.Ѓ.(37), постапувајќи по претходна пријава, според која, физички ја нападнал неговата сопруга, а приведена била и С.Ѓ.(25), затоа што со остар предмет упатила закани кон нејзиниот сопруг.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со огнено оружје кон вработениот одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(57) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 05.04.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени неколку пластични садови со растението канабис.

На 2 мај во 17.25 часот во СВР Скопје, А.Г.(32) од главниот град на државава, пријавил дека пред угостителски објект во село Долна Матка, скопско, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, О.Р. од Скопје му се заканил со пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект во градот, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Р.(35) и Т.А.(38), двајцата од овој град.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан