• вторник, 02 јули 2024

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) -  Двајца кумановци синоќа се приведени откако при претрес  кај нив се пронајдени марихуана, кокаин и семки од канабис и ќе им бидат поднесени пријави, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово синоќа ги лишиле од слобода Ф.Т.(29) и М.С.(18) затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Подоцна, при претрес во домот на Ф.Т., извршен со судска наредба, бил пронајден кокаин и семки од канабис.

- Ф.Т. и М.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, наведува МВР во соопштение. лв/

 

Остани поврзан