• четврток, 04 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - На 10.05.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.А.(45) и М.К.(37), двајцата од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    
            
Денеска (11.05.2024) во 01.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 11.05.2024 во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија М.К.(33) и Н.С.(38), двајцата од Охрид. При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, М.К. е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај Н.С. пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 10.05.2024 во 20.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода П.О.(38) од Косово, затоа што при извршена контрола констатирано било дека на увид дал туѓа лична карта, сопственост на неговиот брат О.Л.(26). Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка. 


На 10.05.2024 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид Д.Г.(21) од Охрид управувајќи моторцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.                          
             
На 10.05.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Аеродром Р.А.(81) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, бил каснат од куче скитник, по што паднал и се здобил со повреди.    
            
На 10.05.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба А.Г.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Анри Барбис“ во Скопје, била касната од куче.    
            
На 10.05.2024 во 18.00 часот во Полициското одделение Сарај Е.Р.(23) од с.Чајлане,скопско пријавил дека во селото неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.    

 

Остани поврзан